Ситни непечени колачи – веднаш ќе ги снема од чинија

Ситни непечени колачи – веднаш ќе ги снема од чинија

Колачиња кои брзо и лесно се прават, а верувајте веднаш ќе ги снема од чинија.

Состојки:

  • 125 гр. маргарин
  • 100 гр. шеќер во прав
  • 125 гр. мелени ореви
  • 100 гр. мелени бисквити
  • 50 гр. сечени ореви
  • 2 лажици какао
  • 2 лажици рум
  • 1 јајце
  • 1 чоколадо за готвење

Подготовка:

  1. Се топи на оган маргарин со шеќерот во прав, па потоа се трга од оган и се става какао со мелени ореви и мелени бисквити, па рум.
  2. Се лади и се меша и изматеното јајце.
  3. Се стиска смесата во калап,  кога ќе се олади горе ставете глазура од чоколадо за готвење.
  4. Се сече на коцки и се украсува со сечени ореви.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text