Убава погача со кисело млеко (Видео)

Убава погача со кисело млеко (Видео)

Кога еднаш ќе ја пробате постојано ќе ја правите…

Состојки:

  • 800-900 гр брашно
  • 200 мл млеко
  • 200 гр кисело млеко
  • 50 мл масло
  • 1 лажица шеќер
  • малку сол
  • 20 гр квасец

Начин на подготовка:

  1. Растопете квасец во млака вода, додајте шеќер. Додајте млеко, кисело млеко, сол и брашно. Замесете глатко меко тесто и оставете го да нарасне. Отсечете дел од тестото, направете топка па развлечете правоаголник. Од уште една толкава топка направете округло долгунесто тесто па ставете го на развлеченото тесто на средина. 
  2. Од двете страни засечете го тестото со нож на ленти па префрлете ги лентите една преку друга и плетете плетеница. Плетеницата ставете ја во круг во намастен плех околу рабовите на плехот. 
  3. Направете 5 топчиња па ставете ги во средина. Развлечете 5 помали правоаголници, расечете ги на средина, провлечете го тестото низ расечениот дел и ставете помеѓу две топки тесто. 
  4. Оставете ја погачата да нарасне, намачкајте ја со жолчка, посипете со сусам и крупна сол. 
  5. Кога ќе нарасне, после 20 минути, печете на 180 степени околу 40 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text