Вкусна компир салата…
Состојки:
- 4 компири
- 3 струка млад кромид
- 100 гр маслинки
- 100 гр фета сирење
- 100 гр суво месо
- масло
Состојки за сос:
- 8 лажици густ јогурт
- 2 лажици сок од лимон
- 5 лажици маслиново масло
- 1 лажичка магдонос
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Компирите измијте ги, па згответе ги во кора. Кога компирите ќе се зготват, исцедете ги, излупете ги, исечкајте ги на парчиња и ставете ги во сад. Додајте исечкан млад кромид, маслинки, суво месо исечкано на коцки и фета сирење.
- Во сад ставете јогурт, маслиново масло, сок од лимон и магдонос, посолете, побиберете и добро измешајте. Зачинете ја салатата со подготвениот сос и послужете ја топла.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт