Кифлички со кои заштедувате време – готови за 20 минути, ќе јадете два дена

Кифлички со кои заштедувате време – готови за 20 минути, ќе јадете два дена

Направете вкусно пециво со сирење за секаква прослава, појадок или вечера во домот.

Состојки:

  • 500 гр. сирење
  • 800 гр. брашно
  • 300 гр. маргарин
  • 2 кеси прашок за пециво
  • 1 јајце
  • 2 лажички сол
  • ким и сусам

 

Подготовка:

  1. Со овие мерки ќе направите пециво за два дена или за прослава.
  2. Во сирењето кое треба да се изрони се додава истопен маргарин и сол, па се меша се убаво.
  3. Се додава брашното полека и прашок за пециво, па се добива убаво тесто.
  4. Се замесува се става во фолија и се остава половина час во ладилник.
  5. Се развлекува потоа, се разматува јајце со малку сол и се премачкува целото тесто.
  6. Се вадат форми, коцки, кругови, труаголници…па се редат на хартија на плех и се става сусам или ким.
  7. Се печат на 180 степени додека не поруменат.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб