Печени пиперки во сос – гурмански ручек

Печени пиперки во сос – гурмански ручек

Вкусен ручек со печени пиперки. Ќе го обожава цело семејство.

Состојки:

  • 1 тегла печени пиперки
  • 100 гр. сирење
  • малку магдонос
  • 3 чешни лук
  • сол и бибер
  • 2 лажици масло
  • 100 гр. кашкавал

Прелив:

  • 3 јајца
  • 4 лажици кисело млеко
  • 2 лажици брашно
  • малку сода

 

Подготовка:

  1. Печените и излупени пиперки се цедат од тегла, па се сечат на траки.
  2. Се редат во плех со масло и се става врз нив сирење, па толчен лук.
  3. Се става бибер и сол и масло, магдонос горе.
  4. Се матат јајца со кисело млеко и сода, па се додава брашно.
  5. Се става сосот горе, па се печат 20 минути на загреана рерна на 200 степени.
  6. Се вадат пред крај се става кашкавал и се печат уште 10 минути.

 

 

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text