Мирисна чорба

Мирисна чорба

Подгответе ја оваа мирисна чорба која освежува и закрепнува…

Состојки:

  • 2 раце лешници
  • 2 моркови
  • 2 јаболка
  • 2 лажици мед
  • 1 лажица масло
  • 2 лажици ѓумбир во прав
  • 2 лажици цимет
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Морковите исчистете ги, исечкајте ги и издинстајте ги на масло, па додајте сечкани јаболка и лешници. Налијте 700 мл вода, гответе околу 10 минути на умерена температура и процедете.
  2. Во блендер испасирајте ги состојките за чорбата, па вратете ги во тенџере. Посолете, побиберете, додајте мед, ѓумбир и цимет. Тргнете ја чорбата од рингла, сервирајте додека е топла и уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text