Гурмански ручек: Нема да одолеете…
Состојки:
- 500 гр телешки шницли
- 100 гр кајмак
- 100 гр шунка
- 2 јајца
- сол
- 70 гр лебни трошки
- масло за пржење
Начин на подготовка:
- Телешките шницли исчукајте ги и зачинете ги по желба.
- На секоја шницла ставете шунка и лажичка кајмак. Свиткајте и добро прицврстете со чепкалки.
- Извалкајте во разматени посолени јајца, потоа во лебни трошки и пржете во врело масло додека не поруменат.
- После пржењето извадете ги чепкалките и послужете.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи