Кифли со јогурт – нема чекање тестото да нарасне (Видео)

Кифли со јогурт – нема чекање тестото да нарасне (Видео)

За овие кифли сите ќе ви бараат рецепт, многу се вкусни, мирисни и свежи дури и наредниот ден.

Состојки:

  • 40 гр свеж квасец
  • 300 мл јогурт
  • 200 мл топла вода
  • 150 мл масло
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 1 кг брашно
  • 100 гр маргарин
  • сусам
  • 3 јајца (2 за тестото, 1 за премачкување)

Начин на подготовка:

  1. Измешајте јогурт, вода, масло, две јајца, квасец, шеќер. Додајте брашно, сол и замесете тесто. Поделете на 5 делови за помали кифли. 
  2. Премесете и секоја кора развлечете ја и исечкајте ја на 16 делови, па замотајте мини кифлички. Наредете ги на тепсија, премачкајте ги со јајце, посолете, посипете со сусам и на секоја кифла ставете по малку маргарин. 
  3. Вклучете ја рерната на 200 степени да се загрее, па печете додека фино не поруменат, околу 20 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*