Фина пита со зелка (Видео)

Фина пита со зелка (Видео)

Феноменална пита за доручек или вечера!

Состојки:

  • 1/2 главица кисела зелка
  • малку бибер
  • малку црвена пипер
  • 2-3 чешниња лук
  • 1 јајце
  • 200 мл млеко
  • малку брашно
  • 1/2 кг тенки кори
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Зелката исечкајте ја и испржете ја на масло, додајте црвена пипер, бибер и лук. Јајцето разматете го, додајте млеко и брашно, малку сол и масло па изедначете малку погусто отколку за палачинки. 
  2. Раширете кора на маса, малку намастете па додајте малку разматено млеко, па малку пржена зелка. 
  3. Свиткајте ја кората како што е прикажано во видеото, па во празниот круг ставете лажица зелка. 
  4. Преку кората премачкајте млеко со брашно, малку пропрскајте со масло и печете на 200 степени околу 30 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text