Помфрит од тиква

Помфрит од тиква

Сте пробале ли некогаш помфрит од тиква?

Состојки:

  • 1 помала тиква
  • 2 лажички кари
  • 2 лажички лук во прав
  • 1 лажичка кромид во прав
  • 1/4 лажичка кајенски бибер
  • 1 лажица маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Тиквата преполовете ја и од неа извадете ги семките и излупете ја кората, а потоа исечкајте на дебели ленти како помфрит. Лентите ставете ги во сад и на нив нанесете маслиново масло и зачини. Измешајте со раце. 
  2. Зачинетите ленти распоредете ги на плех кој претходно сте го прекриле со хартија за печење. Печете во рерна загреана на 200 степени. Печете околу 30 минути додека тиквата не омекне. 
  3. Помфритот од тиква послужете го топол со сос од јогурт или павлака како предјадење.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*