Брза и евтина – Плазма торта без печење

Брза и евтина – Плазма торта без печење

Брза и вкусна плазма торта за сите сетила.

Состојки:

  • 300 гр. мелена плазма
  • 375 гр. маргарин
  • 390 гр. шеќер во прав
  • 100 гр. чоколадо за готвење
  • 250 гр. мелени ореви
  • 1 шолја сок од портокал
  • 3 кеси шлаг
  • ореви за горе

Подготовка:

  1. Се ставаат во сад 300 грама плазма со 125 грама растопен маргарин и 130 грама шеќер во прав, па 100 грама истопено чоколадо за готвење и сок од портокал.
  2. Се мати се убаво и се стега во фрижидер.
  3. Се мешаат потоа за втората кора 250 грама мелени ореви со 125 грама маргарин растопен, 130 грама шеќер во прав и малку сок од портокал.
  4. Се мати и се става во ладилник да се стегне.
  5. Се става првата кора на чинија, па се обликува по желба, се става втората кора, па се мати шлагот и се украсува со него тортата.
  6. Се ставаат горе малку исечени ореви.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

 

singlepost_text