Ликер од мушмули: Пијалак кој го чисти црниот дроб, го снижува холестеролот и го регулира варењето

Ликер од мушмули: Пијалак кој го чисти црниот дроб, го снижува холестеролот и го регулира варењето

Во времето кога природата полека се спрема за зимски сон, едно овошје влегува во својата сезона. Тоа се – мушмулите. Токму сега е вистинското време за берба на ова лековито овошје.

Мушмулите се полни со витамин Ц и го подигнуваат имунитетот па така не штитат од сезонски вируси. Ако сте настинале, тие ќе ви помогнат да се решите од кашлицата.

Мушмулите исто така го регулираат варењето, го регулираат нивото на лош и добар холестерол во крвта и ги чистат црниот дроб и бубрезите.

За да уживате во нивните благодети во текот на целата година, направете ликер од мушмули чиј рецепт можете да го прочитате во продолжение.

Состојки:

  • 600 гр зрели мушмули
  • 500 мл ракија (лозова или од сливи)
  • 250 гр шеќер

Начин на подготовка:

  1. Мушмулите добро измијте ги, потоа исушете ги ставете ги во поголема стерилизирана тегла. Ракијата и шеќерот ставете ги во сад па на средно силна температура загревајте додека шеќерот не се растопи. Прелијте преку мушмулите и затворете ја теглата.
  2. Ставете ја на темно, ладно и суво место па наредните седум дена секојдневно протресувајте ја. Потоа ликерот оставете го да мирува најмалку три недели, а потоа можете да го процедите и да го складирате во шишиња.

Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*