Полнети солени мафини – утрото нека почне со опоен мирис

Полнети солени мафини – утрото нека почне со опоен мирис

Вакви мафини сигурно не сте јаделе.

Се прават со карфиол, многу се вкусни, супер за појадок и вечера.

Состојки:

  • 150 гр. карфиол
  • 1 лажица млеко
  • 1 лажиче сол
  • 2 јајца
  • 50 гр. фета
  • 100 гр. маргарин
  • 2 дл. јогурт
  • 200 гр. брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 2 лажици пармезан

Подготовка:

  1. Карфиолот се дели на цветови откако убаво ќе се измие, се обарува во вода со лажица млеко.
  2. Се цеди и му се става сол.
  3. Се додава во него фета со маргарин растопен, јогурт и брашно со прашок за пециво.
  4. Се става смесата во намастени калапи за мафини и се ставаат по неколку цветови карфиол, па пармезан.
  5. Се печат на загреана рерна на 200 степени половина час.

 

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана