Посен и вкусен ролат со компири

Посен и вкусен ролат со компири

Посно предјадење кое ќе го обожавате.

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 100 гр маргарин
  • 200 гр обварени и од коски исчистени риби
  • 200 гр спанаќ
  • 200 гр моркови
  • сол
  • бибер
  • 2 чешниња лук

Начин на подготовка:

  1. Компирите обварете ги во посолена вода, исцедете, додајте маргарин и разматете. Три парчиња проѕирна фолија намачкајте со масло и развлечете три еднакви кори од пире. 
  2. На првата ставете фил од иситнета риба и обварен спанаќ зачинет по вкус. На втората кора ставете мешавина од риба и варени, пропасирани моркови, зачинети по вкус, а на третата мешавина од риба, спанаќ и моркови. Секоја кора свиткајте ја во ролат и до сервирање ставете во фрижидер добро да стегне. 
  3. Сечете на кругови и наизменично редете ги сите три видови.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*