Мраморна торта – за уживање по ручекот, родендени или прослави

Мраморна торта – за уживање по ручекот, родендени или прослави

Направете вкусна торта која семејството ќе ја обожава.

Состојки за пандишпан:

  • 8 јајца
  • 8 лажици шеќер
  • 8 лажици брашно

Состојки за фил:

  • 4 жолчки
  • 100 гр. шеќер
  • ½ л. млеко
  • 100 гр. чоколадо за готвење
  • 250 гр. путер
  • 3 кеси ванилин шеќер
  • 300 гр. мелени ореви
  • 2 шлага за горе

 

Подготовка:

  1. Се матат со миксер белките од осумте јајца за кора, па се додава шеќер, а потоа и жолчките со брашното.
  2. Се мати убаво со жица и се става смесата во намастен плех, па се пече на 180 степени 30 минути.
  3. Се матат за фил жолчките со шеќер убаво со миксер, па се ставаат во млекото кое треба да врие, и се меша додека не се направи убав крем.
  4. Се додава растопено чоколадо, па се трга од шпорет.
  5. Се мати путерот и се става во смесата, па се меша убаво и се лади.
  6. Се ставаат на крај и оревите и ванилин шеќер и убаво се меша.
  7. Се премачкува кората, се обликува торта и се украсува со матен шлаг.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*