Совршено тесто: Млечен леб со кајмак (Видео)

Совршено тесто: Млечен леб со кајмак (Видео)

Вкус кој нема да го заборавите!

Состојки:

  • 500-600 гр меко брашно
  • 300 мл млеко
  • 200 гр кајмак
  • 1 лажица шеќер
  • малку сол
  • 30 гр квасец
  • 2 јајца

Начин на подготовка:

  1. Во чинија растопете квасец во млако млеко, додајте шеќер и едно јајце, па со жица добро изматете. Додајте го остатокот од млекото и половина од брашното, потоа малку сол и кајмак, па на крај и остатокот од брашното, да добиете средно тврдо тесто. 
  2. Тестото оставете го во вангла, покријте го со крпа и оставете го да нарасне. Потоа премесете го, развлечете го малку, свиткајте го и ставете го во плех намастен со хартија за печење. Лебот расечете го на три дела и оставете го да нарасне. 
  3. Кога тестото ќе нарасне, премачкајте го со белка и ставете го во врела рерна загреана на 200 степени да се пече околу 30-35 минути. Печениот леб малку оставете го да се излади и исечете го на парчиња.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text