Весела салата

Весела салата

Подгответе весела салата и уживајте во вкусниот оброк…

Состојки:

  • 1 главица зелена салата
  • 1 пиперка
  • 1 тиквица
  • 100 гр пченка

Состојки за прелив:

  • 100 мл кисела павлака Пекабела
  • 100 мл течен јогурт
  • сол
  • шеќер
  • босилек

Начин на подготовка:

  1. Салатата исчистете ја, измијте ја па исечкајте на парчиња. Исчистените пиперки исечкајте ги на ленти, а тиквицата на коцки. 
  2. Сите состојки добро измешајте ги, додајте пченка па прелијте со прелив. 
  3. За преливот, во помал сад ставете кисела павлака, јогурт, сол, шеќер и исечкан босилек па сè добро измешајте. Салатата послужете ја како самостален оброк или со некое главно јадење.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*