Медени коцки со ванила

Медени коцки со ванила

Колач кој ќе ве освои…

Состојки:

  • 3 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 125 гр маргарин
  • 3 лажици мед
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 500 гр брашно

Состојки за фил:

  • 1 л млеко
  • 300 гр шеќер
  • 4 кесички ванилин шеќер
  • 8 лажици гриз
  • 250 гр маргарин

Начин на подготовка:

  1. Растопете маргарин и мед, додајте 3 разматени јајца со шеќер, па брашно и сода бикарбона. Замесете тесто и поделете го на 5 делови, тенко развлечете ги и печете ги на плех. 
  2. За подготовка на фил, во млекото, шеќерот и ванилата додајте гриз и гответе да згусне. Кога ќе се излади додајте претходно разматен маргарин. Ладните кори филувајте ги, а последната кора, откако ќе ја филувате, посипете ја со мелени ореви.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text