Неодоливи колачиња: Ванила мафини со шлаг

Неодоливи колачиња: Ванила мафини со шлаг

Еве уште еден брз рецепт за колачиња, сочни и вкусни…

Состојки:

  • 2 јајца
  • 7 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 4 лажици гриз
  • 5 лажици брашно
  • 1 кесичка пудинг од ванила
  • 9 лажици млеко
  • 6 лажици масло
  • 1 прашок за печиво
  • 100 гр шеќер за прелив
  • 200 мл вода за прелив
  • шлаг или слатка павлака за декорација

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната на 220 степени. Со миксер разматете јајца со шеќер и ванила. Со лажица измешајте ги останатите состојки па ставете во калапи за мафини. 
  2. Печете околу 15 минути, извадете ги колачињата од калапите, прелијте ги со зготвениот прелив и оставете ги минута да го впијат преливот. Кога малку ќе се изладат ставете ги во хартиени корпички и декорирајте ги со шлаг.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

singlepost_text