Направете вкусен омлет за појадок.
Состојки:
- 3 јајца
- 1 лажица брашно
- 2 лажици млеко
- 100 гр. сирење
- 2 домати
- 1 лажица масло
- сол и бибер
Подготовка:
- Се матат убаво јајцата со млеко и со брашно, па се става сол и бибер и потоа се ставаат јајцата во тава со масло.
- Се поткреваат краевите, но не се превртува омлетот, а кога ќе е готов се става на чинија и на средина се става сирење иситнето со домати на кругови.
- Се преклопува и се служи топло.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт
Зеленчукова ужинка за на работа