Манастирски ориз: Богато вариво кое може да го замени секој месен оброк

Манастирски ориз: Богато вариво кое може да го замени секој месен оброк

Феноменален рецепт со разновиден зеленчук…

Состојки:

  • 1,5 шолја ориз
  • 1 главица кромид
  • 1 црвена или зелена пиперка
  • 10 црни маслинки
  • 1 морков
  • 2 лажици доматно пире
  • 1 помала тиквица
  • 150 гр печурки
  • сол
  • 100 мл масло
  • магдонос
  • 1 лажица суво нане

Начин на подготовка:

  1. Измијте го оризот во 7 води и процедете го. Прелијте го со врела вода во однос 1:2 и оставете го да врие, додека не ја апсорбира течноста. Во посебен, поголем сад загрејте 80-100 мл масло и запржете по ред исечкан кромид, моркови и пиперка исечкани на коцки и печурки исечкани на листови. 
  2. Штом омекнат додајте маслинки, тиквица исечкана на ситно и зачинете со малку сол, а можете да додадете и бибер по вкус. Додајте доматно пире, а откако зеленчукот ќе омекне, додајте ориз и измешајте. 
  3. Додајте зачини по вкус и штом оризот ќе биде готов, тргнете од рингла. Од горе посипете со сечкан магдонос и послужете.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*