Посни плескавици – совршен ручек за време на пост

Посни плескавици – совршен ручек за време на пост

Идеални се за деновите на пост и кога сакате да одморите од месо.

Состојки:

  • 2 кг речна риба
  • 1 лажица сув зачин
  • 1 поголем компир
  • 1 поголема бабура пиперка
  • прстофат-два сол
  • половина лажичка бибер
  • половина лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка црвена пипер
  • 2 чешниња лук
  • 1 главица кромид
  • магдонос лист

Начин на подготовка:

  1. Рибата исчистете ја и измијте ја, па отсечете ја главата и перките. 
  2. Исчистете ги кромидот, лукот, компирот и пиперката. 
  3. Три пати сомелете ги рибата и зеленчукот заедно, па додајте ги сите зачини и измешајте со раце. Оставете ја смесата да отстои половина час, а потоа обликувајте плескавици и печете на среден оган.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*