Тестенини Примавера – деликатес на денот

Тестенини Примавера – деликатес на денот

Направете вкусни тестенини Примавера.

Состојки:

  •  4 лажици путер
  • 225 гр. спанаќ
  • 300 гр. грашок
  • 300 гр. боранија
  • сол и бибер
  • 4 лажици павлака
  • 2 лажици сечен магдонос
  • 90 гр. пармезан рендан
  • 400 гр. тестенини

Подготовка:

  1. Се топи путерот на тава, се става убаво измиениот спанаќ и се динста, па кога ќе омекне се лади.
  2. Се варат грашокот и боранијата во зовриена вода 5 минути, па и тие се цедат.
  3. Се ставаат спанаќот и павлаката во блендер, се миксираат, па се враќаат во тавата со грашок и боранија, се става и магдонос и се ставаат зачини и пармезан па убаво се меша на тивок оган.
  4. Се варат тестенините во солена вода, се цедат и се става сосот и пармезан.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

 

singlepost_text