Здрав намаз: Домашна пилешка паштета

Здрав намаз: Домашна пилешка паштета

Направете, ставете во фрижидер и имате супер брза вечера за себе и своето семејство.

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 400-500 гр пилешко бело месо
  • 3 варени јајца
  • 1 шолја течност од супа
  • масло
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица сок од лимон
  • малку свежо сечкани листови магдонос и целер
  • 1 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Издинстајте го кромидот, па додајте пилешко бело месо исечкано на коцки да се динста на тивок оган. Пред крајот на динстањето додајте 1 шолја течност од супа. Тргнете од оган и оставете да се излади. 
  2. Во друго тенџере згответе три јајца. Кога сè ќе се излади во блендер измиксајте варени јајца со малку масло. Потоа додајте ја смесата од месо и кромид (заедно со течноста). Додајте 1 лажица сенф, 1 лажица сок од лимон и сечкан магдонос, целер и сол. 
  3. На крај сè добро изблендирајте и ќе добиете сочен и одличен намаз – пилешка паштета. 
  4. Ставете во тегла и чувајте во фрижидер до 3 дена од денот кога сте ја направиле.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text