Деликатес од кој ќе замириса маалото: Полнети шампињони

Деликатес од кој ќе замириса маалото: Полнети шампињони

Направете деликатесни полнети шампињони.

Состојки:

  • 700 гр. шампињони покрупни
  • 200 гр. шунка
  • 100 гр. кашкавал
  • 4 лажици павлака
  • 1 јајце
  • 2 чешни лук
  • масло и вегета

Подготовка:

  1. Се мијат и чистат печурките, се двојат дршките, се сечат ситно шунката и кашкавалот, а лукот се пасира.
  2. Се пропржува лукот на малку масло, па се додаваат исечените дршки и се динстаат. Се додава на крај и шунката и зачини.
  3. Се лади смесата и потоа во неа се додава јајце, павлака и кашкавал и се полнат шампињоните, се редат на намастена тава и печат на 200 степени 20 минути.

Добар апетит! Со печурките супер оди бело вино.

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт