Најдобриот сос од четири вида сирења

Најдобриот сос од четири вида сирења

Рецепт за најдобриот сос од четири вида сирења.

Состојки:

  • тестенини
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица путер
  • 5 чешниња лук
  • 1 коцка пилешка супа
  • 1 шолја вода во која сте ги готвеле тестенините
  • 1 шолја павлака за готвење
  • 1,5 шолја мешавина од четири вида сирења (по желба)
  • ситно сечкан магдонос

Начин на подготовка:

  1. Во тава ставете маслиново масло и путер, додајте лук и динстајте минута, внимавајте да не загори. Во посебен сад згответе тестенини и оставете шолја вода во која се готвеле па во неа ставете коцка супа да се растопи. 
  2. Водата ставете ја во тава заедно со павлаката и оставете да се зготви па додајте сирења и мешајте да се растопат. На крај додајте тестенини, оставете кратко да се готват, зачинете по желба и украсете со билки.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text