Светогорска чорба: Рибин специјалитет за душата и телото

Светогорска чорба: Рибин специјалитет за душата и телото

Вкусно и топло јадење кое ќе го обожавате во посните денови.

Состојки:

  • глави од повеќе видови морска риба
  • 5-7 главици кромид
  • 4-5 моркови
  • посни ситни тестенини
  • корен целер
  • мелена пиперка
  • сол
  • неколку зрна бибер
  • листови магдонос
  • листови целер

Начин на подготовка:

  1. Главите згответе ги со 2-3 главици кромид, 2-3 моркови, корен целер и неколку зрна бибер. 
  2. Во друг сад пропржете 3-4 главици кромид и два моркови, исечкани на кругови.

     

  3. Налијте со водата во која се готвеле главите од риби, претходно процедена.

     

  4. Исчистете го месото од коски и додајте го во чорбата.

     

  5. Посолете и побиберете, а малку мелена пиперка додајте директно во врелата чорба.

     

  6. На крај додајте тестенини, кратко гответе и тргнете од оган.

     

  7. Посипете со сечкани листови целер и магдонос.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text