Салата со сенф и пиперки во тегли – совршен додаток на трпезата во зима

Салата со сенф и пиперки во тегли – совршен додаток на трпезата во зима

Направете вкусна салата со пиперки во тегли.

Состојки:

  • 2 кг. црвени пиперки
  • 4-6 чешни лук
  • 4 ловорови листови
  • 1 л. вода
  • 3 дл. оцет
  • 20 гр. шеќер
  • 30 гр. сол
  • 400 гр. сенф

Подготовка:

  1. Се чистат и ситнат пиперките, се варат на шпорет оцетот со вода, шеќер и сол, ловоров лист и лук.
  2. Се ставаат и коцките пиперка кога ќе зоврие водата, се варат 10 минути.
  3. Се цедат, се вади ловорот и лукот и се лади.
  4. Се мешаат сенфот и маслото, па се додава изладената пиперка.
  5. Се става смесата во теглички чисти, се става малку врело масло и се затвора.
  6. Се оставаат 10 минути на топла рерна.
  7. Се ладат навечер покриени со крпа и се служат од утредента.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*