Направете брзи домашни бајадера колачиња готови за 20 минути.
Состојки:
- 9 лажици вода
- 200 гр. шеќер
- 150 гр. мелени ореви, бадеми или лешници
- 250 гр. мелени бисквити
- 170 гр. маргарин
- 100 гр. чоколадо за готвење
- 100 гр. чоколадо за глазура и масло
Подготовка:
- Се ставаат водата и шеќер во лонец, се загреваат и се меша додека шеќерот целосно не се стопи.
- Се додава маргарин и се трга од оган.Кога смесата е потполно оладена се ставаат мелените ореви, лешници или бадеми, бисквити и се меша додека не се соедини.
- Се дели на два дела смесата. Се топат 100 грама чоколадо на пареа и се става чоколадото во првиот дел, па на масна хартија за печење се става првиот дел со чоколадо, па врз него светлиот дел.
- Се топи останатото чоколадо со масло и се става горе.
- Се лади, сече и служи.
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега