Палачинки кои се печат само од една страна: Шведски палачинки, повкусни од сите торти кои сте ги пробале

Палачинки кои се печат само од една страна: Шведски палачинки, повкусни од сите торти кои сте ги пробале

Сите „полудеа“ по рецептот за шведски палачинки!

Состојки:

  • 100 гр путер
  • 150 гр шеќер во прав
  • 50 гр брашно
  • 300 мл млеко
  • 7 јајца
  • 2 жолчки
  • 200 мл бело вино
  • 100 гр чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

  1. Измешајте путер со 6 жолчки, брашно и млеко. Разматете снег од 6 белки и додајте го во смесата од брашно, млеко и јајца. Сè лесно измешајте. Печете палачинки само од едната страна. Наредете една на друга со непечените страни свртени кон горе. Секоја палачинка посипете ја со рендано чоколадо. Кога сите палачинки ќе ги наредите една над друга, прелијте ги со крем. 
  2. За крем, со жица на пареа матете 1 јајце, 2 жолчки, шеќер и вино додека смесата не почне да се згуснува. Со врелиот крем прелијте ги палачинките и послужете ги топли.

Уживајте!

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text