Шведска салата од компири: Веќе нема ни да помислите на руска

Шведска салата од компири: Веќе нема ни да помислите на руска

Најубавото ладно предјадење кое можете да го направите…

Состојки за салата:

  • 1,2 кг излупени компири
  • 6 ситно сечкани кисели краставички
  • 1 главица ситно сечкан кромид
  • 1 лажичка мускатно оревче
  • 1/4 лажичка кари
  • 8 крупно сечкани варени јајца

Состојки за домашен мајонез:

  • 1 жолчка
  • 1,5 шолја масло
  • 1 лажица оцет измешана со 150 мл вода
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. За мајонезот измешајте жолчка со лажица масло и оцет со вода. Се меша непрекинато, при што се додава по лажица масло и оцет со вода. Се продолжува со тој ред додека не се потрошат состојките. Никако не ставајте сè одеднаш. На крај зачинете со сол и бибер. 
  2. Компирите згответе ги околу 20 минути и оставете ги да се изладат. Додајте кисели краставички, кромид, мускатно оревче и кари, а потоа и мајонез. Добро измешајте и оставете да отстои во фрижидер барем на еден час.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*