Евтино и лесно: Брза торта за секој ден

Евтино и лесно: Брза торта за секој ден

Направете ја оваа едноставна торта и воодушевете ги сите…

Состојки за кора:

  • 6 јајца
  • 180 гр шеќер
  • 90 гр густин
  • 90 гр брашно
  • 1 лажичка изрендана кора од портокал

Состојки за фил:

  • 1 л млеко
  • 1 пудинг со вкус на чоколадо
  • 8 полни лажици брашно
  • 5 лажици шеќер
  • 50 гр рендано чоколадо
  • 50 гр чоколадо
  • 250 гр маргарин
  • 100 гр шеќер во прав

Начин на подготовка:

  1. Пенасто разматете јајца со постепено додавање шеќер, па додајте низ сито мешавина од брашно и густин мешајќи лесно со лажица. Додајте кора од портокал. Излејте во калап со хартија за печење и испечете на 180 степени 20-25 минути. Изладената кора пресечете ја на 3 еднакви дела. 
  2. Во 1 л млеко згответе мешавина од пудинг, брашно и шеќер. Додајте чоколадо и соединете. Разматете маргарин со шеќер во прав и додавајте фил од чоколадо. Разматете пенасто. Додајте рендано чоколадо и измешајте. Филувајте ја тортата и украсете ја со шлаг.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text