Вистински деликатес: Шампињони во павлака

Вистински деликатес: Шампињони во павлака

Свежите шампињони се многу вкусни, особено кога ќе ги приготвите во комбинација со неодоливата Битолска павлака на Бимилк. Еве како да го направите овој вистински деликатес кој може да да биде одлична комбинација за лесна вечера или прилог за вкусен ручек

Состојки:

  • 500 гр свежи шампињони
  • 100 гр кромид
  • 40 гр путер Бимилк
  • 15 гр презла
  • 250 мл Битолска павлака
  • 1 лажица исечкан магдонос
  • зачини по вкус

Начин на подготовка:

  1. Печурките исчистете ги со четкичка или измијте ги, па исечкајте ги на половини.
  2. На тивок оган на путер кратко продинстајте го исечканиот кромид, биберот и другите зачини и на крајот додајте ги и печурките. Динстајте додека течноста да испари.
  3. Додајте ја презлата, па оставете го на шпорет дополнителни пет минути.
  4. На крај додајте ја Битолската павлака, убаво промешајте и сервирајте. Одозгора посипете со сечкан магдонос.
  5. Можете да го послужите како лесна вечера или како вкусен ручек со ориз.

Добар апетит со овој рецепт кој за Готви.мк го подготви Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми. Уриваме стереотипи, затоа што готвењето не знае за пол 🙂

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Полнети тиквички со кисело млеко

Пита со кисело млеко

Домашни колачиња со парчиња чоколадо и путер

Путер кифли – Рецепт кој ќе ве врати во детството

Која е тајната на совршените домашни колачиња и кифли?

Ново семејно пакување – Битолско кисело млеко за целосно уживање

8 докажани бенефити од пиењето јогурт

Jogood во чаша ‒ Овошна забава со секој залак!

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*