Мусака од тиквици на поинаков начин по бабин рецепт (Видео)

Мусака од тиквици на поинаков начин по бабин рецепт (Видео)

Највкусните јадења се оние од кои ви се отвара апетит при самата помисла на нив. Ова е едно такво јадење.

Состојки:

  • 2 тиквици
  • 3 јајца
  • 200 гр кисела павлака
  • 3 чешниња лук
  • сол
  • зачини
  • бибер
  • црвена пипер
  • 200 мл млеко
  • 300 гр мелено месо
  • 150 гр сува сланина
  • 1 главица кромид
  • масло

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете сечкан кромид, додајте мелен бибер, зачини, сол, малку пипер. 
  2. Тиквиците излупете ги и исечкајте ги на коцки, малку посолете ги и оставете ги околу 15 минути, па исцедете ја течноста. 
  3. Во чинија издробете лук, додајте масло и по желба уште малку сол. Прелијте ги тиквиците и измешајте. 
  4. Намастете сад со масло, ставете дел од тиквиците, па фил од мелено месо, потоа тиквици, па месо и така додека не го потрошите материјалот, со тоа што најгоре треба да има тиквици. 
  5. Скршете јајца, додајте павлака и млеко и разматете. Прелијте преку тиквиците, па малку протресете за павлаката и јајцата да паднат на дното. 
  6. Од горе ставете тенки листови сланина. Печете на 200 степени околу 50 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text