Евтино и вкусно јадење од компири: Запечена мусака со пилешко и јогурт

Евтино и вкусно јадење од компири: Запечена мусака со пилешко и јогурт

Со малку месо направете богато јадење за целото семејство!

Состојки:

  • 1,5 кг компири
  • 400 мл јогурт
  • 200 мл вода
  • 350-400 гр пилешко бело месо
  • 3 лажици брашно
  • 3 јајца
  • 150 мл масло
  • 2 лажички сув зачин
  • сол
  • бибер
  • 1/2 веза магдонос
  • 1 свежа пиперка

Начин на подготовка:

  1. Ситно исечкајте кромид, па пропржете го на масло. Додајте на коцки исечкано месо, вода и крчкајте околу 2 минути. 
  2. Компирите излупете ги и исечкајте ги на тенки кругови, па додајте месо и кромид. Зачинете и добро измешајте. Префрлете во тепсија, прекријте со фолија или поклоп и печете во загреана рерна на 240 степени околу 20 минути. Извадете од рерна па прелијте со прелив. 
  3. За преливот, разматете јајца со јогурт и брашно, па посолите. Прелиеното јадење вратете го во рерна на десетина минути додека фино не порумени. Послужете со солата или туршија.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*