Фантастичен ручек: Бабин ѓувеч со тиквици и пилешко (Видео)

Фантастичен ручек: Бабин ѓувеч со тиквици и пилешко (Видео)

Уживајте во топол и вкусен ручек…

Состојки:

  • 2 батаци и карабатаци
  • 2 помали тиквици
  • 1 помало парче слатка зелка
  • 1/2 праз
  • 2 моркови
  • 2 чешниња лук
  • 100 гр шампињони
  • 1 мала шолја ориз
  • бибер
  • сол
  • сув зачин
  • масло
  • 1 домат
  • мелена пипер
  • ловоров лист

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете сечкан праз и пиперка, додајте моркови исечкани на кругови, шампињони на листови, а тиквици на коцки. 
  2. Сè динстајте полека па додајте измиен ориз, бибер, сол, зачин, пипер и домати на коцки. Уште малку динстајте. Ставете во ѓувеч. Не треба да доливате вода. 
  3. Во чинија издробете лук, додајте зачин, сол и масло и со тоа истријте ги батаците па ставете ги во ѓувеч. Додајте и ловоров лист. 
  4. Печете на 200 степени околу 50-60 минути убаво да порумени.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо