Направете брза и вкусна бајадера за која целото семејство ќе се радува.
Состојки:
- 300 гр. шеќер
- 150 гр. мелени бисквити
- 150 гр. мелени ореви
- 150 гр. путер
- 100 гр. чоколадо за готвење
- 8 лажици вода
- 100 гр. чоколадо за глазура и 3 лажици масло
Подготовка:
- Се вари шеќерот со вода, па се трга од шпорет, се додаваат бисквити и ореви, па путер и се меша.
- Се дели смесата на два дела, така што во едниот се става растопено чоколадо, па се премачкува плех со масло и се става темниот слој, па преку него светлиот слој и се остава да се олади.
- Горе се става глазура од чоколадо растопено со маслото.
- Се сече потоа.
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат
ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед