Домашен путер од тиква: Здрав и вкусен намаз

Домашен путер од тиква: Здрав и вкусен намаз

Со зачините играјте по желба, но што и да ставите, ќе испадне фантастично!

Состојки:

  • 850 гр пире од тиква
  • 130 гр кафеав шеќер
  • 60 мл јаворов сируп
  • 120 мл незасладен сок од јаболка
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1/2 лажичка цимет
  • прстофат сол

Начин на подготовка:

  1. Сите состојки ставете ги во поголемо тенџере, вклучете ја ринглата на средна темпратура и мешајте додека не се соедини. Кога ќе почнат да се појавуваат меурчиња, намалете ја температурата и оставете лесно да врие 15-20 минути, со повремено мешање.
  2. По желба, додајте уште шеќер или јаворов сируп, ако сакате послатко, сок од лимон ако сакате кисело, цимет ако јакате појак вкус… Тргнете од оган и кога целосно ќе се излади префрлете во поголема стаклена тегла.
  3. Чувајте во фрижидер до две недели. Путерот од тиква послужете го со палачинки, кекс, леб, овошна каша… Можностите се неограничени!

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text