Вечера за 10 минути: Три чекори за совршена паста

Вечера за 10 минути: Три чекори за совршена паста

Оброк кој е готов за 10 минути мора да биде сон на секој готвач. И сега ви донесуваме предлог за јадење кое не само што ќе биде готово за миг, туку и нема да ви ги извалка садовите. Бидејќи, за овој рецепт, потребно ви е само едно тенџере.

Состојки:

  • 3 лажици маслиново масло
  • 4 чешниња лук
  • 1 помала главица кромид, исечкан
  • 800 мл конзервиран домат
  • 1 рака свеж босилек
  • 500 гр тестенини по желба
  • 4 шолји вода (960 мл)
  • 100 гр рендан кашкавал
  • сол, бибер, пипер

Начин на подготовка:

  1. Во големо тенџере загрејте масло, па на него пропржете ги лукот и кромидот, околу 3 минути. Потоа додајте ги останатите состојки, прелијте со 4 шолји вода, ставете зачини, посолете и почекајте да зоврие.
  2. Откако ќе зоврие, продолжете да готвите колку што пишува на пакувањето од тестенините.
  3. Кога ќе биде готово, нема да има потреба од цедење, бидејќи тестенините ќе ја впијат течноста, а пастата ќе биде подготвена за служење.
  4. Додајте рендан кашкавал и уживајте во брзата вечера!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*