Пица палачинки

Пица палачинки

Омилениот вкус на италијанскиот специјалитет замотан во палачинка!

Состојки:

  • палачинки (подготвени по основен рецепт)
  • 250 гр печурки
  • 250 гр Пекабеско шунка
  • 250 гр кашкавал
  • 100 гр доматен сос
  • сол
  • бибер
  • оригано
  • 100 гр маслинки без коски
  • 2 јајца
  • презла

Начин на подготовка:

  1. Исечете ги, но не преситно, сите состојки за фил, додајте доматен сос, зачинете, па со тоа филувајте ги палачинките. Свиткајте ги по желба.
  2. Филуваните палачинки натопете ги во јајце, па во презла и печете на благо загреано масло (или во фритеза). Послужете ги додека се топли.
  3. Палачинките можете да ги посипете со рендан кашкавал или да ги послужите со сос од мајонез, павлака и кисели краставички.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text