Посно: Компири од рерна на манастирски начин – ручек за само 50 денари

Посно: Компири од рерна на манастирски начин – ручек за само 50 денари

Идеален рецепт кој можете да го послужите како главно јадење за време на пост.

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 150-200 мл маслиново масло
  • 1-2 лимони (свежо цеден сок)
  • 5-6 чешниња лук сечен на три дела
  • 4-5 листови ловор, секој исечкан на четвртини
  • оригано
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 250 степени. 
  2. Измијте ги, излупете ги и исечете ги компирите и наредете ги на тепсија. Компирите не треба да бидат наредени еден преку друг. 
  3. Зовријте вода (нешто повеќе од една чаша е доволно за да се прекријат компирите) и во неа растворете сол (треба повеќе сол, но внимателно). Со таа вода прекријте ги компирите кои сте ги наредиле во тепсија. Додајте масло, посипете ги компирите со оригано, ставете лук, ловор и бибер. Сокот од лимон не го додавајте на почеток бидејќи од него компирите ќе се стврднат! 
  4. Ставете ги компирите во загреана рерна на 250 степени. Штом компирите ќе поруменат и ќе испари водата, намалете ја температурата на 200 степени и печете додека компирите не омекнат, вкупно околу 50 минути (зависи од рерната и компирите). 
  5. Некаде пред крај на печењето извадете ја тепсијата и прелијте ги компирите со сок од свежо цеден лимон, вратете ги неколку минути во рерна, извадете ги и послужете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*