Полнети пиперки во сос

Полнети пиперки во сос

Направете вкусен ручек за денеска, полнети пиперки со сос.

Состојки:

  • 600 гр. мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 5-6 раце ориз
  • вегета и црвен пипер
  • 1 кг. пиперки
  • 2 компири
  • масло
  • доматен сос
  • 3 лажици брашно

 

Подготовка:

  1. Се динста кромидот на масло и се додава меленото месо, па кога ќе се испржи се става и ориз, и се меша, па се додаваат вегета и црвен пипер.
  2. Се чистат пиперките, се редат во шерпа подлабока, се полнат со месо и се поставуваат исправено.
  3. Се стискаат една до друга при варењето да не се распаднат.
  4. Се става вода до врвот на пиперките, не преку нив, па се вари час и половина.
  5. Се става во сад масло со 3 лажици брашно и едно лажиче црвен пипер, па кога ќе се соедини, се додава доматно пире и водата од пиперките.
  6. Се става во шерпата со пиперки и се остава да врие заедно, па потоа е готово.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*