Пикантна паста

Пикантна паста

Пикантно лута паста која ќе ве освои…

Состојки:

  • 200 гр тестенини по желба
  • 2 свежи домати
  • лута пиперка
  • 3 чешниња лук
  • неколку листови свеж босилек
  • сол
  • бибер
  • малку маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Додека тестенините се готват, доматите и пиперката исечкајте ги на ситни коцки, а лукот издробете го со лажичка. Во тава на малку маслиново масло кратко пропржете го лукот па додајте една рака свежи листови босилек. 
  2. Тргнете од оган и додајте коцки домати и пиперка. Посолете, побиберете по вкус, измешајте и ставете преку готвените тестенинин, на средина на чинијата. По желба додајте рендан пармезан или некое друго сирење.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text