Вечера на брзина: Мучкалица од фрижидер за 15 минути

Вечера на брзина: Мучкалица од фрижидер за 15 минути

Ако сакате да подготвите доцна вечера и таа да биде готова за брзо време, овој рецепт е одличен за вас!

Состојки:

  • 12 парчиња леб
  • 300 гр домашно сирење
  • 150 гр кашкавал
  • 3 јајца
  • 2 лажици лут ајвар
  • 150 гр сувомеснато Пекабеско
  • оригано

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад ставете сирење, па со вилушка добро издробете го, или крупно изрендајте го. 
  2. Додајте 3 јајца, соединете со вилушка, па крупно нарендајте кашкавал. Сувомеснатото исечкајте го на коцки, па додајте го во смесата со јајца и сирење. 
  3. Ставете ајвар и оригано и добро измешајте. Посолете по вкус, но проверете дали сирењето е солено. 
  4. Рерната вклучете ја да се загрее, на 180 степени. Лебот наредете го во плех, преку хартија за печење. На секое парче леб обилно нанесете од филот. Ставете да се запече, околу 15 минути.

Послужете топло и уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*