Брз и евтин ручек со пилешко и печурки

Брз и евтин ручек со пилешко и печурки

Брз и евтин ручек…

Состојки:

  • 600 гр пилешко бело месо
  • 200 гр шампињони
  • 100 мл масло
  • 200 мл павлака за готвење
  • 1 лажица зачин
  • сол
  • бибер
  • 2 лажици пармезан
  • магдонос
  • 1/2 лажица брашно
  • 100 мл вода

Начин на подготовка:

  1. Месото исечкајте го на коцки и зачинете. Загрејте масло во тава па ставете месо и пропржете го 15 минути. Исечкајте ги шампињоните. Кога месото ќе биде готово извадете го па на маслото пропржете ги и шампињоните, кои ќе ги посолите откако ќе се пропржат. 
  2. Кога шампињоните ќе бидат готови, додајте го месото, ставете павлака и вода, бибер и магдонос. 
  3. Кога ќе зоврие, разматете брашно во малку вода и додајте во сосот. Измешајте и исклучете го огнот. Оставете уште малку на врела рингла да крчка па на крај, кога крчкањето ќе се смири, додајте пармезан и повторно измешајте. 
  4. Додека тоа се готви, згответе тестенини и послужете ги со јадењето.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text