Деликатес на денот: Батаци со кари и маслинки

Деликатес на денот: Батаци со кари и маслинки

Вкусни пилешки батаци со кари и маслинки.

Состојки:

  • 4 батаци
  • 10 маслинки
  • 2 главици кромид
  • 1 чешне лук
  • пола шолја бело вино
  • 2 лажички кари
  • 4 лажици масло

Подготовка:

  1. Се пржат батаците со 4 лажици масло, па им се додаваат сечените маслинки и кромид.
  2. Се пржи месото околу 10 минути.
  3. Се додава потоа вино, кари, сол и зачини по избор.
  4. Се поклопува тавата и се крчка 15 минути, повремено помрднувајќи ги батаците.
  5. Ако фали течност додајте вода.
  6. Пријатно.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*