Сочен и лесен ручек: Запечени компири со јогурт и месо (Видео)

Сочен и лесен ручек: Запечени компири со јогурт и месо (Видео)

Сочен и лесен ручек од компири и пилешко месо.

Состојки:

  • 1,5 кг компири
  • 400 мл јогурт
  • 200 мл вода
  • 350-400 гр пилешко бело месо
  • 3 лажици брашно
  • 3 јајца
  • 150 мл масло
  • 2 лажички сув зачин
  • сол
  • бибер
  • 1/2 веза листови магдонос
  • 1 свежа пиперка

Начин на подготовка:

  1. Ситно исечкајте кромид па пропржете го на масло. Додајте на коцки исечкано месо, вода и крчкајте околу 2 минути. 
  2. Компирите излупете ги и исечкајте ги на тенки кругови па додајте месо и кромид. Зачинете и добро измешајте. Префрлете во тепсија, прекријте со фолија и печете во загреана рерна на 240 степени околу 20 минути. Извадете од рерна па прелијте со прелив. 
  3. За преливот разматете јајца со јогурт и брашно, посолете. 
  4. Прелиено јадењето вратете го во рерна на некои десетина минути или додека фино не порумени. 
  5. Послужете со салата или туршија.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text