Запечен спанаќ од рерна со сирење: Ова јадење ќе ве воодушеви

Запечен спанаќ од рерна со сирење: Ова јадење ќе ве воодушеви

Ќе уживате во секој залак…

Состојки:

  • 500 гр свеж спанаќ
  • 400 мл вода
  • 250 гр ситно сирење
  • 50 гр путер
  • 3 јајца
  • 2 лажици сусам
  • сол
  • кашкавал за посипување

Начин на подготовка:

  1. Спанаќот исчистете го, измијте го и отсечете ги петелките. Ставете во тенџере и динстајте на слаб оган под поклоп додека не омекне. Оставете да се излади, исцедете го вишокот вода, па листовите спанаќ исечкајте ги ситно. 
  2. Ситното сирење разматете го со жолчки, додека не добиете изедначена смеса, па додајте спанаќ. Посолете по вкус, ставете во плех намастен со путер, излејте ја смесата, па преку распоредете разматени белки. 
  3. Посипете со сусам и со доста рендан кашкавал и печете на 200 степени 30-35 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*