Солена торта од пиперки

Солена торта од пиперки

Вкусно предјадење – торта од пиперки.

Состојки:

  • 20 црвени пиперки
  • 2 јајца
  • малку брашно
  • кашкавал или пармезан
  • 1/2 кг сирење по избор
  • 400 мл кисела павлака Пекабела

Начин на подготовка:

  1. Пиперките испечете ги, излупете ги и одвојте ги на „шницли“, а потоа секое парче испоховајте го на вообичаениот начин. 
  2. Во подлабок плех наредете пиперки, а потоа преку нив фил од сирење и павлака. Потоа повторно пиперки, па фил, и така со ред додека не ги потрошите сите состојки. 
  3. Завршете со фил, а потоа сè прекријте со рендано сирење и запечете во рерна.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула