Збогатете ги јадењата: Домашен пикантен зачин

Збогатете ги јадењата: Домашен пикантен зачин

Збогатете ги јадењата со домашен пикантен зачин.

Состојки:

  • 350 гр зелени и црвени лути пиперчиња
  • 1 корен целер
  • 1 корен рен
  • 100 гр сенф
  • 3 лажици алкохолен оцет (9%)
  • 50 мл маслиново масло
  • 50 гр сол

Начин на подготовка:

  1. Коренот целер излупете го, исечкајте го на крупни парчиња и згответе да омекне па ставете во цедилка и со вилушка изгмечете да се исцеди од вода. 
  2. Пиперките исчистете ги од петелки и семки. Ренот излупете го и исечкајте го на парчиња. 
  3. Во поголема тегла ставете зготвен целер, рен, исчистени пиперчиња, сол, сенф, оцет и маслиново масло па пропасирајте со миксер. 
  4. Ставете во мали стаклени тегли, добро затворете ги и ставете во фрижидер. 
  5. Овој зачин може да се користи веднаш, а во фрижидер може долго да стои. Идеален е како додаток во чорбести јадења, како грав, зелка, паприкаш, рибји и останати чорби. Овој зачин се додава во мала количина (околку половина лажичка на 4 л готвено јадење) пред крајот на готвењето.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

singlepost_text